Расчистени улиците во градот, проодни патиштата до населените места

Од средата (09.01.2019) службите на јавното комунално претпријатие се на терен и го расчистуваат снегот од улиците по големите врнежи од снег.

Речиси секоја улица во градот е исчистена и проодна за пешаци и возила, а се вршеше чистење од снег и во населените места. Денес, меѓу другите места во општината, „Комуна“ работеше и на делница од град Крушево кон населените места Пуста Река, Горно и Долно Дивјаци.

Паралелно со ова не запираат и секојдневните активности на локалната самоуправа за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Вчера и денес покрај во град Крушево се работи на уличното осветлување во с. Алданци, с. Бучин и с. Пресил, односно се проверуваат линиите на осветлување, се заменуваат оштетените сијалици и се поставуваат нови сијалични места.