Општината и „Комуна“ ќе набават трактор со плуг за снег и соларка

Советот на општина Крушево на денешна седница (11.02.2019) даде согласност на општина Крушево за учество во проект на Амбасада на Германија во Македонија „Набавка на трактор со приклучна механизација“.

Тракторот ќе се набави за одржување на општинската хигиена и за расчистување на улиците и нивно попесочување
со користење на приклучната механизација – плуг за чистење снег и соларка .

Целосната сума за набавка на тракторот изнесува 21 888 евра или 1 346 098 денари, а во набавката со свои средства ќе учествуваат Амбасада на Германија, Општина Крушево и ЈП „Комуна“.