Исчистени се патиштата до речиси сите села, паралелно се работи и во градот

Исчистени се улиците до и во населените места Пуста Река Долно Дивјаци Горно Дивјаци, Борино, Саждево, Јакреново и Белушино, додека во с. Алданци и с. Норово покрај чистење се врши и попесочување.

Покрај навременото одржување на улиците во град Крушево „Комуна“ ќе излезе на терен и во с. Врбоец па се до с. Бучин.

Претходно, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потенцира дека минатата година локалната самоуправа работеше многу за јавното комунално претпријатие да работи поекономично, поефикасно и да дава подобри услуги до граѓаните.

„Со одлука на Совет ги проширивме надлежностите на ЈП „Комуна“ со што претпријатието сега може самостојно да ја обавува надлежноста за зимско одржување на улиците. Исто така, за повеќе од 60 отсто ги зголемивме средства за зимско одржување на улиците за 2019 година.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.