Општина Крушево ги менува урбанистичките планови, ќе се решат проблемите на граѓаните и отворат многу инфрастурни зафати

Зафаќање на води во „Опаленик“Од 2019-та година општина Крушево пристапува кон измена на деталниот и урбанистичкиот план, процес кој ќе реши многу проблеми на граѓаните.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изјави дека со измената на плановите ќе се регулира градењето, а во населените места ќе се отворат многу инфраструктурни проекти на кои локалната самоуправа не можела да работи токму заради пречките во урбанистичките планови.

„Тоа значи дека ќе го сопреме незаконското и ќе го регулираме градењето на територија на општина Крушево, а ќе им се олесни на оние што закупиле и во иднина ќе закупуваат простор за градење.

Во населените места ќе можеме да работиме на многу инфраструктурни проекти, на кои досега не можело да се работи токму заради недостатокот од соодветна регулација.

Работиме по план“, порача градоначалникот Христоски.