НЕДЕЛЕН ИНФОРМАТОР(03.12.18-09.12.18) На што работеше локалната самоуправа изминатата недела

Во текот на минатата седмица локалната самоуправа работеше на повеќе значајни проекти и инфраструктурни зафати.

1. Реконструкција на улица во с. Саждево, општина Крушево.

Локалната самоуправа отпочна со реконструкција на улица во населеното место Саждево, како дел од активностите на локалната самоуправа и ЈП „Комуна“ во рамки на патната инфраструктура. Претходно беше реконструирана улица во населеното место Алданци, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски најави дека активносите на реконструкција ќе продолжат и во другите населени места.

2. Чистење на канали во с. Борино и патниот правец с. Алданци – с. Норово

Со користење на механизација на Пелагониско планскиот регион и ЈП „Комуна“ се чистеа канали во населеното место Борино, а кон крајот на работната недела се пристапи и кон чистење на канали на патниот правец од с. Алданци – с. Норово каде што на увид беше градоначалникот Христоски и порача дека подеднакво се работи во урбаните и во руралните средини.

3. Новогодишно уредување на градот

Локалната самоуправа одреди средства за скромно новогодишно уредување на центарот на град Крушево во пресрет на Новогодишните празници. Исто така, изминатата недела беше објавена програмата за новогодишната забава во центарот на градот.

4. Промоција на Локална стратегија за млади

Општина Крушево во соработка со невладината организација Младински совет Прилеп го претстави документот „Стратегија за млади на општина Крушево 2019-2023“.

5. Проект „Зафаќање на извори на вода во индустриска зона „Опаленик“

Започна имплементацијата на проектот за зафаќање на води во индустриската зона „Опаленик“ со што ќе се обезбеди вода, примарно, за компаниите во и околу индустриската зона, како и за дел од населените места во општина Крушево. Проектната имплементација се врши од страна на општина Крушево и Министерство за животна средина.

6. Изградба на резервоар за вода во с. Борино

Започна изградбата на три децении ветуваниот резервоар за вода во с. Борино, општина Крушево. При увид во работите во Борино градоначалникот на општина Крушево најави дека конечно се реализира еден голем и суштински значаен проект за жителите на ова населено место.

7. Претставници од општина Крушево доделија скромни подароци на децата од дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби и со тоа симболично се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

 

47683061_2057108591246849_4584965579474993152_n