Млади од 5 европски земји од Крушево промовираат толеранција, почит и разбирање

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес (05.12.2018) одржа средба со млади од Македонија, Турција, Грузија, Хрватска и Литванија кои престојуваат во Крушево како дел од проектот „Разновидност, толеранцијаи и прифаќање“ имплементиран од Здружение за европска интеграција „Европска гледна точка“, а поддржан од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Целта на овој проект е промоција на толеранција, почит и взаемно разбирање преку уметничкото изразување на културна, верска, етничка разновидност меѓу младите од различни земји. Во текот на 10 дена, младите од различни земји ќе работат заедно. Тие ќе бидат обучени на следните теми: вредности на демократијата и меѓусебно разбирање; почитување на разликите, стереотипи и да се создаде мрежа;

Проектот има за цел да ја подигне свеста кај младите за тоа дека “Културни разлики” и “меѓукултурен дијалог ” не се апстрактни концепти, туку настани во кои тие учествуваат и имаат корист и може да ги користат за да ја развијат својата локална заедница.