Дочек на Нова година во Крушево со Александра Јанева

Новата 2019 година граѓаните на општина Крушево и гостите ќе имаат прилика да ја дочекаат заеднички на градскиот плоштад со настап на познатата македонска пејачка Александра Јанева. Настанот ќе започне во 21 часот, на 31.12.2018, а вечерната забава ќе ја отвори ди џеј Хуго.

Во рамки на новогодишните празници во соработка со ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и градинката „Гонча Туфа“ на 28.12.2018 ќе се одржи новогодишна приредба во хотел Монтана Палас, а на 31.12.2018 Новогодишен базар во центарот на град Крушево.

Локалната самоуправа ги поканува сите граѓани и гости во Крушево да бидат дел од овие новогодишни манифестации и заеднички да биде дочекана новата 2019 година.