Одбележување на Денот на лицата со попреченост, општината додели скромни подароци

Претставници од општина Крушево денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-ти декември во организација на Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево и доделија мали подароци за присутните дечиња.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, кој не беше во можност да присуствува, порача дека покрај денешните скромни подароци сите деца и млади со посебни потреби од општина Крушево за Нова година ќе добијат новогодишни пакетчиња.

На одбележувањето на овој ден присуствуваа и претставници од Центарот за социјални работи и организацијата ОО Црвен крст Крушево.

Подолу можете да погледнете фотографии од настанот.