Ден на бесплатен правен совет во Крушево

lawПо повод Денот на бесплатен правен совет утре (22.11.2018) во канцеларијата на Министерството за правда во Крушево (просторија бр. 1, во зградата веднаш до општинската зграда) со почеток во 12:30 ч. сите граѓани на општина Крушево ќе имаат можност да поразговараат со нотар, извршител и вработените во подрачната единица за се што ги интересира од областа на правото.

Сите граѓани можат да присуствуваат и да се информираат за се она што ги интересира од областа на правниот систем на Република Македонија.