„Комуна“ до граѓаните: Сите диви приклучоци на вода да се пријават во просториите на претпријатието

Јавното претпријатие „Комуна“ апелира  сите диви приклучоци на водоводната мрежа да се пријават во просториите на претпријатието најдоцна до 31.12.2018г. и со тоа граѓаните со вакви приклучоци да станат легални корисници на услугите.

Во продолжение соопштението на ЈП „Комуна“.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на сите жители на Општина Крушево доколку имаат неовластено и самоволно, без одобрение на давателот на услугата, приклучување на водовадната мрежа, без поставување на водомер, истото да го пријават во просториите на Ј.П. Комуна-Крушево најдоцна до 31.12.2018г. После овај период доколку Ј.П.Комуна констатира нелегален приклучок (кражба на вода) против сторителот ќе се применат мерките согласно Кривичниот закон.

16.11.2018г.                                                            Ј.П.комуна-Крушево