Топол пречек на маратонците во Крушево, рози и пеење во чест на Тоше,

На пладне маратонците кои учествуваа во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески пристигнаа во Крушево и од неколку млади луѓе им беа доделени црвени рози.

Насекаде низ улиците на Крушево претставници од институциите, приватниот сектор и граѓаните ги пречекуваа маратонците со рози во рацете кои по поминувањето беа оставени покрај патот како симбол за љубовта и почитта кон големата музичка ѕвезда.

На вечното почивалиште маратонците заедно со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, претставници од локаланта самоуправа, делегации од спомен куќатата „Тодор проески“, Меѓународната фондација „Тоше Проески“, Локален младински совет, средното и основното училиште, НКС „Десет дена Крушевска Република“ и други положија цвеќе.

Маратонците ја посетија и спомен куќата каде што им беа врачени и благодарници за учество во маратонот од страна на градоначалникот Христски. Благодарница беше доделена и на „Тиквешките точакџии“ кои ја поминаа истата релација со велосипед.

На „Гумење“ ученици од СОУ „Наум наумовски Борчер“ и членови на крушевскиот хор ги пееја најпознатите песни на Тоше додека маратонците пристигнуваа на „Гумење“

Ултрамаратонот беше во должина од 420 километри и се протега на територија на Хрватска и Македонија.