Патронат на крушевската гимназија, директорката порача да бидеме различни и да ги прифатиме различностите

На 27-ми септември се одржа манифестацијата за одбележување на патрониот празник на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, а директорката Снежана Миленкоска испрати силни порака за прифаќање и почитување на различностите.

Во овие клупи, пријателството, љубовта, животот имаат поинакви вредности. Или подобро речено, ги имаат вистинските вредности. Овде духовното е над материјалното.

Разбирањето на другиот и почитувањето на различниот се раѓаат од срцето, не од идеологијата.

Овде можеме да бидеме различни, затоа што сме спремни да ги прифатиме разликите.

Различни сме за да можеме да се препознаваме.

Различни сме за да го направиме светот поубаво место за живеење

Овде самодовербата се стекнува од контактите, од книгите од искуствата, не од целите и интересите.“, порача директорката Миленкоска во своето обраќање пред присутните.

Одбележувањето на овој ден започна со полагање на свежо цвеќе на споменикот на Наум Наумовски Борче, а продолжи со музичко-ритмички точки од учениците во холот на гимназијата .

На манифестацијата присуствуваа претставници од локалната самоуправа, Советот на општина Крушево, претставници од бизнис заедницата.