Амбасадорот на Словенија во посета на градоначалникот Христоски и општина Крушево

Амбасадорот на Словенија во Македонија Н.Е. Милан Јазбец при својата посета на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја изрази својата поддршка кон работата на градоначалникот и локалната самоуправа и порача дека Крушево има традиција која вреди многу за Европа.

„Крушевската република е втора република во Европа. Имате традиција која е вредна за ЕУ. Како претставник на Словенија драго ми е што во Крушево и секаде во Македонија сум добро примен“, потенцира Амбасадорот Јазбец.

Во изјавата за медиуми тој порача дека соработката меѓу крушево и Словенија во иднина ќе се зајакнува и првиот чекор во тој процес е збратимување со некој град од Словенија сличен по население, положба и вредности на Крушево.

Градоначалникот Христоски и Амбасадорот Милан јазбец одржаа средба во кабинетот на градоначалникот од каде што се упатија кон хотел Илинден на разгледување на состојбата со овој хотел.