Општина Крушево се оградува од омразата и навредите изнесени на Мечкин Камен

DSC09428

Почитувани,

На 115 години од Илинденското востание Крушево беше сведок на демонстрирање омраза и нетрпеливост, како и непочитување на идеалите на Крушевскиот манифест и борците за слобода. Денес во Крушево на големиот Илинден слушавме пароли на омраза и повикување на насилство врз неистомислениците.

Место мир, сплотеност и разбирање на 2-ри август во Крушево се посеаа навреди, омраза и повици за линч. Илинденците и крушевчани се горди на денешната слободна Македонија, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет кои ги зачувавме и зацвртивме. Сите оние кои на овој свет ден сеат омраза и навреди врз своите сограѓани се срам За илинденците и го сквернават овој голем празник.

Општина Крушево стои во заштита на правата и интересите на граѓаните на општина Крушево и граѓаните на Македонија и се оградува од омразата која некои организирани и малубројни структури ја шереа денес на Мечкин Камен.

Нека им суди историјата.

Со почит,
општина Крушево