Пречек на коњаницата во Крушево, Градоначалникот Христоски и предводникот на коњаницата повикаа на сплотеност

И покрај силниот дожд коњаницата вчера (31.07.2018) пристигна во Крушево околу 18 часот и со тоа ја продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.

Коњаницата беше пречеката од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој им посака добредојде, а учесниците во коњаницата традиционално пробаа од крушевската погача и црвено вино.

Во изјава за медиумите градоначалникот Христоски го честиташе празникот и го изрази своето задоволство од пристигањето на коњаниците од неколку правци во Републикава, а предводникот на коњаниците попознат како Гоце Бозо повика на сплотеност во очи на празникот.