Се расчистуваат регионалните патишта од Кривогаштани и Демир Хисар кон Крушево

37789522_10216420261600343_2930576784447504384_nВо соработка со Јавното претпријатие „Македонија пат“ и Министерството за транспорт и врски се расчистуваат регионалните патишта од Кривогаштани и Демир Хисар кон Крушево.

Пред одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе се поправат ударните дупки на споменатите регионални патишта, главната улица во град Крушево и платото на „Гумење“.

Ќе се подобри состојбата со делницата каде што ќе се одржуваат ридско-брзинските трки на 4-ти и 5-ти август, што е од особена важност за безбедно и професионално одржување на тренинзите и официјалните автомобилски трки.