Општина Крушево со најголем раст на транспарентноста и отвореноста

Според Индексот на транспарентност издаден од Центарот за граѓански комуникации и Цивика Мобилитас општина Крушево е на третото место во однос на порастот на исполнетост на обврските за објавување на информации и тоа со зголемување од 31,4 проценти.

Општина Крушево е единствената општина која забележала пораст поголем од 3о отсто, а повисок пораст има единствено Владата на Република Македонија.

За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ова претставува мотив плус да се работи потранспарентно.

Ова за нас е мотив плус да работиме транспарентно, одговорно, домаќински, посветено и секогаш во интерес на граѓаните на општина Крушево.“, порача градоначалникот Христоски преку социјалната мрежа Фејсбук.