Со првата фокус група започна креирањето на Локална младинска стратегија

Вчера (28.06.2018) во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ се имплементираше првата фокус група од проектот „Креирање на Локална младинска стратегија за општина Крушево“ кој го спроведува Младински Совет Прилеп во соработка со општина Крушево и Локален младински совет Крушево.

Во првата фокус група учествуваа 22 млади крушевчани, претставници од локалната самоуправа, партиски подмладоци, советници на советот на општина Крушево, претставници од руралните средини и други.

Како дел од овој проект ќе се спроведат уште 4 фокус групи од каде што ќе се премине на креирањето на првата драфт верзија на Стратегијата се до финалниот документ. Проектот е предвиден да заврши на 31 октомври 2018 година.