Општина Крушево со Агенцијата за млади и Воздухопловна федерација се подготвуваат за Европското првенство во змејарство

ПолетиштеОпштина Крушево заедно со Воздухопловната федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт заеднички работат на професионална организација и промоција на Европското првенство во змејарство кое е закажано за 8-ми јули и ќе трае до 21-ви истиот месец.

До одржувањето на Првенството Агенцијата, Федерација и општина Крушево ќе одржат неколку прес конференции, телевизиска промоција и Фејсбук кампањи за привлекување на повеќе туристи за Европското првенство во земјарство.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја потенцира важноста на соработката и поддршката која локалната самоуправа ја добива од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Воздухопловната федерација и Агенцијата за млади и спорт.

„Благодарение на Агенцијата за туризам ја набавивме новата професионална вештачка трева, а со Водухопловната федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт до почетокот на Европското првенство во змејарство ќе работиме на промоција на Првенството. Поддршката која ја добиваме навистина значи многу, а од тоа најголема добивка ќе имаат граѓаните на општина Крушево“, порачува градоначалникот Христоски.

Претходно, на полетиштето на Мечкин Камен се постави нова вештачка трева која општина Крушево ја набави во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и истата чини 1 200 000 денари.