Започнува реконструкцијата на улицата Шула Мина

Шула МинаОд денес, 12.06.2018, јавното прептпријатие „Комуна“ започна со реконструкција на дел од улицата Шула Мина во непосредна близина на центарот на градот.

Ова е петта улица по ред што „Комуна“ ја реконструира годинава, а претпријатието ќе продолжи да работи и на други улици кои се во лоша состојба.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески претпладнево беа на увид на работата на Шула Мина.