Се одржа „Вечери во чест на Васил Иљоски“

Иванка и ТомеИзминатиот викенд, 09-10. јуни, во горната училишна зграда „Никола Карев“ за прв пат се одржа театарскиот фестивал „Вечери во чест на Васил Иљоски“.

Во рамките на овој настан се одиграа две претстави: „Чорбаџи Теодос“ во изведба на учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и „Солунски патрдии“ од учениците од ООУ „Јонче Смугрески„, Обршани.

На настанот присуствуваше и внуката на Васил Иљоски Иванка Иванова, која допатува од соседна Бугарија специјално за овој настан.

Како што беше наведено при отворањето на фестивалот тендецијата е „Вечери во чест на Васил Иљоски“ да се организира секој година и да прерасне во уште едно обележје за Крушево.