Општина Крушево донира опрема за ФК „Питу Гули“

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес(15.05.2018) на претставници од управата на клубот „Питу Гули“ додели опрема за членовите на фудбалскиот клуб. Опремата се состои во копачки, шушкавни тренерки, штуцни и копачки за првотимците.

Градоначалникот Христоски потенцира дека спортот во Крушево мора да се поддржува и мора да се развива.

„Мора да ги поддржуваме младите ентузијасти и во рамки на нашите можности да го развиваме спортот. Дониравме опрема за играчите и ќе продолжиме да ги поддржуваме и другите клубови од другите спортови во Крушево.“, истакна градоначалникот на општина Крушево.