Почетна » Вести » Одобрени средства за изработка на основен проект за фекална канализација во Алданци

Одобрени средства за изработка на основен проект за фекална канализација во Алданци

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Aldanci

Министерството за животна средина на Република Македонија одобри средства за изработка на техничка документација за изградба на фекална канализација со пречистителна станица за населеното место Алданци, општина Крушево.

Изработката на техничката документација ќе биде основ за општина Крушево да аплицира за дополнителни средства со кои ќе се спроведе целосната изградба на канализацијата.

Градоначалникот на општина Крушево потенцира дека како што неколку пати напоменува така и сега дека локалната самоуправа работи на еднаков развој на градот и селата.

„Како што неколку пати имам потенцирано, работиме активно на еднаков развој на сите населени места и градот. Село Алданци веќе е дел од изградбата на патот од Стопанство кон село Норово и еве со последната одлука Министерството за животна Алданци е вклучено во уште еден клучен проект – изградба на фекална канализација со пречистителна станица.

Share