Христоски во посета на полициската станица во Крушево за денот на полицијата

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес, 7-ми мај, ja посети  полициската станица во Крушево и го честита денот на полицијата.

Покрај посетата Христоски преку социјалните мрежи порача дека приоритет е безбедноста и сигурноста на граѓаните на општината.

За денот на полицијата ја посетив полициската станица, административните службеници, вработените пол.службеници и Командирот на ПС-ОН во Крушево . Безбедноста и сигурноста на граѓаните се наш приоритет!“, Напиша градоначалникто Христоски на својот Фејсбук профил.