Изградба на водовод во Саждево, канализација во Норово и резервоар во Борино

НоровоОбезбедени се 270 000 евра преку Министерството за транспорт и врски и општина Крушево ќе ги искористи за изградба на водоводна мрежа во населеното место Саждево, резервоар за питка вода во село Борино и канализациона мрежа, прва фаза, во Норово.

Градоначалникот на Општина Крушево најавува дека општината нема да запре тука и ќе работи на развивање на сите населени места.

„Ова не значи дека ќе застанеме тука. Покрај овие 3 населени места од нашата општина ќе продолжиме да работиме и во другите места. Проектите се веќе аплицирани и само прашање на време е кога ќе се започне со работа.“, изјави Градоначалникот Христоски.