Градоначалникот гостин на „Спорт за општествена акција“

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски во саботата, 14.04.2018, гостуваше на настанот „Спорт за општествена акција“ во организација на Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Специјалната олимпијада од Македонија и СОУ Наум Наумовски Борче, финансиски поддржан од Еразмус +.

Градоначалникот Христоски им посака добредојде на гостите и порача дека сите се исти и сите заслужуваат еднаква шанса.

„Сите сме исти и сите заслужуваме исти можности. Ви посакувам добредојде и очекувам повторно да го посетите Крушево“, рече Христоски при обраќањето пред учесниците, учениците од гимнацијата, претставници на Младински  Сојуз и Специјалната олимпијада на Македонија.

На овој настан се обратија и директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Снежана Миленкоска, Билјана Стојческа од Младински Сојуз и претставници на Специјалната олимпијада.