Се санира патот Крушево – Пуста Река

Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија пат се санира патот Крушево-Пуста река кој што има сериозни оштетувања.

Се врши поправка на ударните и поголеми дупки на овој регионален пат, а Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес беше на увид каде што екипите веќе започнаа со работа.

„За оваа година издејствувавме санација на овој регионален пат. Со тоа, ќе го олесниме движењето на возилата, иако не се работи за целосна реконструкција. Граѓаните мора да добијат пристојни патишта за движење, како локални, така и регионални“, порача Градоначалникот Христоски.