Почетна » Вести » Градоначалникот Христоски на тркалезна маса – Крушево, град пријател на младите

Градоначалникот Христоски на тркалезна маса – Крушево, град пријател на младите

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, претставници од локалната самоуправа и Советот на Општина Крушево во петокот (13-ти април) учествуваа на тркалезна маса организирана од Младински Сојуз – Крушево, поддржана од УСАИД.

На дебатата, на која присуствуваа млади од Општина Крушево, претставници на невладини, неформални групи, СОУ „Наум Наумовски Борче“,гости од соседна Србија, бизнисмени, се разговараше за состојбата со младите во општината, а беа презентирани и резултатите од истражувањето на Младински Сојуз за тоа колку Крушево е град пријател на младите

Тркалезната маса се одржа во хотел Монтана Палас, Крушево.

Share