Започнува наплатата за користење на игралиштата

igralista

Користењето на повеќенаменското игралиште и двојното тениско игралиште од утре, 11.04.2018, ќе се наплаќа и тоа по цена од 300 денари од час за фудбал, 200 денари од час за кошарка во повеќенаменското игралиште и по 50 денари од час по човек за користење на тениско игралиште.

Исто така, апелираме до нашите сограѓани да ги чуваат овие игралишта и да не се пробива и оштетува заштитната ограда.