Утре, граѓанска акција за чистење на градот

krusevo

Утре, 21.03.2018г., со почеток во 10 часот ќе започне акцијата за чистење на градот иницирана од јавното претпријатие „Комуна“, а во акцијата ќе се вклучат Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и волонтери.

Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да се вклучат во оваа акција за почист град да дојдат во 10 часот на влезот на град Крушево (стара бензиска) од каде што ќе се започне со чистење на улиците.