Театар Крушево ги повикува младите да се пријават на аудиција за учество во изведба на драма на крушевскиот писател Васил Иљоски. Аудицијата ќе се одржи четврток и петок (22.03 и 23.03.2018) во 14 часот во народниот театар во Крушево, а заинтересираните можат да се пријават на Фејсбук страницата Театар Крушево и во народниот театар во терминот одреден за аудицијата.
Настанот „Вечери во чест на Васил Иљоски“ е настан кој се одржува за прв пат годинава со цел истакнување на името и делото на Васил Иљоски и развивање на културниот живот на младите. „Вечер во чест на Васил Иљоски“ е организиран од страна на општина Крушево со поддршка на Министерството за култура.
Повеќе информации на следниот линк:
Театар Крушево