Почетна » Вести » Уште еден параглајдинг натпревар закажан за ова лето во Крушево

Уште еден параглајдинг натпревар закажан за ова лето во Крушево

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

06022018110010_main_27537564_10155566795874335_1537985144_o

„Нордик опен 2018“ е уште еден меѓународен параглајдинг натпревар кој, меѓу другите, ќе се одржи ова лето во Крушево. Натпреварот е закажан за 26-ти август и ќе треае до 1-ви септември 2018 година.

Покрај „Нордик опен“ за ова лето закажани се и „Полиш лајт“, Европско првенство во змајарство, „Крушево опен“, Британскиот шампионат и други.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потенцира дека локалната самоуправа активно се подготвува за што е можно попрофесионално и безбедно одржување на овие натпревари.

„Не очекуваат десетици меѓународни парглајдинг и натпревари во змајарство и активно работиме на професионално и безбедно одржување на натпреварите и на привлекување што е можно поголем број на туристи ова лето. Ова ќе биде исполнето лето за Крушево.“, изјави Градоначалникот Христоски.

Share