Граѓаните да не паркираат на коловоз и да не ја попречуваат работата на „Комуна“

Општина Крушево ги замолува граѓаните да не ги паркираат своите возила на коловозот низ градот за јавното претпријатие „Комуна“ да може навремено и редовно да ги чисти улиците од наврнатиот снег.

Како алтернатива, местото Гумење е исчистено од страна на јавното претпријатие „Комуна“ кое може да послужи како паркинг, заедно со градските паркиралишта околу пазарот.

Полициската станица во Крушево известува дека во наредните денови ќе преземе соодветни мерки доколоку возила бидат затекнати на коловозот и ја попречуваат работата на комуналното претпријатие во чистење на снегот.

Исто така, неопходно е граѓаните на Крушево да ги отстранат нерегистрираните и хаварисаните возила од коловозот, со што трајно би се решил проблемот со паркираните возила по улиците.