Градоначалникот Христоски на одбележување на денот на Руската дипломатија

Градоначланикот на Општина Крушево Томе Христоски по покана на Амбасадорот на Русија во Македонија Неговата Екселенција господинот Олег Шчербак денес, 09.02.2018, присуствува на одбележувањето на денот на Руската дипломатија.

Градоначалникот Христоски и другите присутни на настанот заеднички положија цвеќе на споменикот Руски крст и присуствува на коктел кој се организира во хотелот Шумски фенери во Битола.