Христоски и Илиески на терен во поплавените подрачја

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески вчера, 04.02.2018г, беа во поплавените предели во крушевските населени места и заедно со месното население работеа на расчистување на патиштата и каналите.

На излезот од с. Норово кон с. Селце беа исчистени каналите и мостот кој што беше поплавен од поројниот дожд, а во с. Пуста Река беше отстрането свлечиштето кое целосно покрил делница од регионалниот пат.

Градоначалникот Христоски се заблагодарува за соработката од страна на месното население во справувањето со овие проблеми.