Почетна » Вести » Средба и соработка со Амбасадата на Унгарија, полагање на цвеќе во чест на унгарските бегалци

Средба и соработка со Амбасадата на Унгарија, полагање на цвеќе во чест на унгарските бегалци

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес, 02.02.2018, одржа средба со Н.Е. Амбасадорот на Унгарија во Македонија господинот Ласло Истван Дукс и Државниот секретар за дијаспора на Унгарија господинот Арпад Јанос Потапи.

На средбата се разговараше за идната соработка меѓу Унгарија и Крушево и беше најавено дека десетици млади луѓе ќе го посетат Крушево на 5-ти август по повод денот на поставување на спомен плочата во чест на унгарските бегалци.

Градоначалникот Христоски заедно со претставници од локалната самоуправа и делегацијата на Унгарија исто така положија цвеќе на спомен плочата во дворот на одморалиштето „Бегова Корија“ каде што во 1956 година престојувале бегалците од Унгарија

Дел од делегацијата на Општина Крушево беше поранешниот новинар и писател Крсто Топузовски, а Амбасадорот на Унгарија и Државниот секретар беа придружувани од сопругата на Секретарот Ханер Викториа, Золтан Кадар, шеф на кабинетот на Државниот секретар и Јозеф Сутус, Претседател на асоцијацијата на Унгарците во Македонија.

 

 

Share