Градоначалникот Христоски во посета на домот на култура, ќе се промовира концептот „Едно општество“

Градоначалникот на Општина Крушево денес, 1-ви февруари 2018 година, го посети домот на културата „Наум Наумовски Борче“ и библиотеката која изобилува со литература на повеќе јазици.

За Градоначалникот Христоски разноликоста е голем адут за Крушево.

„Домот на културата поседува книги на повеќе јазици, покрај на македонски, како српски, албански и англиски и тоа ќе го промовираме во иднина, затоа што наша цел е едно општество за сите составено од многу различни етникуми. Литературата, обичаите и разноликата култура што ги поседуваме не’ прават побогати.“, изјави Градоначалникот по посетата на Домот на култура и библиотеката во Крушево.

Христоски најави повеќе активности преку кои ќе се промовираат литературата и вредностите на етничките заедници во Општината.