Одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески

Во спомен куќата „Тодор Проески“ денеска, 25 јануари, се одржа традиционалното одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески на кое настапи, меѓу другите, оперскиот пејач – сопран крушевчанката Билјана Јосифов.

На настанот свое обраќање имаа директорката на спомен куќата Елена Мирчевска, која посочи дека објектот изграден во чест на Тоше го посетиле над 600 илјади граѓани, и Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски кој се осврна на се’ она што Тоше го има направено за Крушево.

„Тој (Тоше Проески) направи за нас, за Крушево, за сиромашните, за беспомошните. Направи многу за сите. Можеби никогаш нема да можеме со иста мера да му возвратиме и заблагодариме, но ви ветувам ќе се потрудиме“, рече Градоначалникот Христоски.

Покрај Билјана Јосифов и нејзината придружба клавијатуристот и член на бендот на Тоше Николовски Сашко настапија и локалниот бенд Кици и Пеце и хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ со изведба на негови песни и читање на извадоци од книгата за Тоше.

Општина Крушево изразува голема благодарност за учеството во организацијата на Билјана Јосифов и директорот на НУ Македонска филхармонија Виктор Илиески.