Почетна » Вести » Христоски: Работиме активно на зголемување на бројот на пазарџии и намалување на нивните трошоци

Христоски: Работиме активно на зголемување на бројот на пазарџии и намалување на нивните трошоци

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и в.д директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески утрово беа во посета на градскиот пазар и пазарџиите.

По средбата Градоначалникот изјави дека во иднина локалната самоуправа активно ќе работи на овозможување на услови за зголемување на луѓето кои продаваат овошје и зеленчук, а исто така цената за користење на простор во пазарот ќе биде значително намалена.

Со тоа, вели Градоначалникот Христоски, ќе се зголеми бројот на пазарџии кои ги плаќаат услугите од зградата на пазарот доделени од страна на „Комуна“ и, истовремено, ќе се намали бројот на „диви“ продавачи.

„Ќе поднесеме иницијатива до Советот на Општина Крушево цената за користење на простор во пазарот да се намали драстично и со тоа да овозможиме простор за повеќе пазарџии и поголем пазар“, порача Христоски.

Share