Почетна » Вести » Одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески

Одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески

роденден Тоше 2018Општина Крушево во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ на 25-ти јануари 2018 година во спомен куќата „Тодор Проески“ организираат музичка манифестација по повод одбележување на денот на раѓање на Тоше, на која, меѓу другите, ќе настапи Билјана Јосифов, оперски пејач – сопран.

Во 11 и 15 часот ќе се полага цвеќе на гробното место на нашиот Тоше, а со почеток во 11:30 ќе започне настанот за одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески со локалниот бенд Кици и Пеце, потоа хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и настап на крушевчанката Билјана Јосифов, оперски пејач – сопран, придружувана од клавијатуристот Николовски Сашко.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и директорката на спомен куќата Елена Мирчевска.

Свој придонес во организацијата за одбележување на денот на раѓање на Тоше има и в.д. директорот на НУ Македонска филхармонија, крушевчанецот Виктор Илиески.

Share