Ќе се чисти речното корито во Бучин кое го поплавуваше земјиштето

Бучин

Локалната самоуправа во соработка со А.Д. Водостпанство Прилеп и Развојната програма на Обединетите нации во Македонија (UNDP) ќе спроведат чистење на речното корито на реката Црна во село Бучин, Општина Крушево, кое што често пати се излеваше и го поплавуваше обработливото земјиште.

Градоначалникот Христоски порача дека со овој потег ќе се исчисти јазот и со тоа ќе се спречи поплавување на обработливото земјиште во Бучин.

„Со чистењето на речното корито ќе спречиме создавање на поплави и оштетување на обработливото земјиште кое живот значи за граѓаните на село Бучин“, потенцира Градоначалникот Христоски.

Градоначалникот исто така порача дека уште пред да застане на функцијата Градоначалник на Општина Крушево се заложи за еднаков развој на руралните и на урбаните средини, како и вложување во секое населено место и решавање на вистинските проблеми на граѓаните.