Обука за користење на новото противпожарно возило

Денес, 9-ти јануари 2017, на месноста „Гумење“ се одржа обука за користење на новото противпожарно возило, кое Општина Крушево го набави во соработка со Министерството за локална самоуправа преку Пелагонискиот плански регион.

Обуката ја одржаа претставници на компанијата Армор Плус ДОО од Скопје, а присуствуваше и Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.

„Кратката обука е успешно завршена и на вработените во противпожарната служба им посакувам успешна работа. Се заблагодарувам и на сите оние кои беа дел од набавувањето на противпожарното возило и со тоа се модернизира и подобрија условите за работа во противпожарната служба“, истакна Градоначалникто Христоски.