Честитка од Градоначалникот Христоски за Божиќните празници

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски на сите православни христијански верници им ги честита Божиќните празници и посакува овие денови да донесат мир, благосостојба, здравје до крајот на годината.

„Во мое име и во име на вработените во локалната самоуправа Ви ги честитем Божиќните празници и Ви посакувам овие денови да Ви донесат мир, благосостојба и здравје кои ќе продолжат и понатаму, до крајот на годината. Ви посакувам успех и среќа за Вашите најблиски, празниците да донесат мир и разбирање меѓу луѓето. За многу години“, порача Градоначалникот Христоски.