„Дева – во чест на новото раѓање“ по петти пат

На плоштадот Никола Мартиноски во Крушево по петти пат се одржа „Дева – во чест на новото раѓање“ во организација на СОУ „Наум Наумовски Борче“.

Дел од програмата беа хорот на крушевската гимназија, кои испеаа песни во духот на овој празник, и Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, кој на присутните граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници и ги поздрави учениците од „Наум Наумовски Борче“ за организациајта на овој настан.

„Ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници и им честитам на учениците и професорите од „Наум Наумовски Борче“ за одржувањето на оваа манифестација и покажување самоиницијативност за активно вклучување во процесите кои ги водиме. Локалната самоуправа активно ја поддржува самоиницијативноста на младите која во голема мера ја покажуваат. За многу години“, порача Градоначалникот Христоски.

Гимназијата додели признанија на сите оние кои ја поддржаа манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“.