Продолжува рокот за легализација на дивоградби

4290legalizacija-na-terasi-770x470Продолжува рокот за легализација на бесправно изградените објекти (дивоградби).

За оние што веќе поднеле барање потребно е да поднесат уште еднаш барање и комплетна документација заедно со елаборат до одделението за урабнизам на локалната самоуправа во Крушево, најкасно до крајот на јуни месец 2018-та година.

За оние кои досега немаат поднесено барање да ги достават истите документи претходно наведени со таа разлика што рокот за новите баратели е до крајот на 2018-та година.

Причината зошто дел од доставените барања се одбиени е заради недостатокот од елаборати.

Исто така и оние кои побарале легализација на бесправно изградени објекти во 2016 година рокот за доставување на елаборати се продолжува до крајот на јуни месец 2018-та година.