Предновогодишна прослава во Домот на културата и гимназија, општината додели 3 000 денари

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски заедно со претставници од локалната самоуправа денес присуствуваа на предновогодишната прослава во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ и во СОУ „Наум Наумовски Борче“ каде што локалната самоуправа додели прва награда во износ од 3 илјади денари на лотаријата организирана од гимназијата.

На предновогодишната прослава во домот на култура со свои точки настапија децата од крушевската градинка „Гонча Туфа“, хорот од ООУ „Никола Карев“, хорот од СОУ „Наум Наумовски Борче“ како и многу други музички и рецитаторски точки во изведба на учениците од основното и средното училиште.

Градоначалникот Христоски исто така доби новогодишен подарок од учениците во крушевската гимназија, додека во лотаријата на гимназијата учествуваа крушевските продавници, ресторани и пицерии со свои донации доделени како награди на учениците.