Почетна » Вести » Предновогодишна прослава за најмладите

Предновогодишна прослава за најмладите

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

santa-claus-05

Во петок (29.12.2017) со почеток во 11 часот во Дом на култура „Наум наумовски Борче“ во Крушево ќе се одржи новогодишна прослава во организација на локалната самоуправа, детската градинка, основното, средното училиште и дневниот центар за децата со посебни потреби.

На овој настан со свои точки ќе настапат децата од ЈОУГД „Гонча Туфа“, ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“. Дел од прославата ќе биде и детската претстава „Вреќата на Дедо Мраз“ во изведба на фотостудио „Пинк“ и Народниот театар од Битола.

Прославата ќе заврши со скромен коктел во Домот на културата.

Ги покануваме сите ученици, млади од општината, како и родители да присуствуваат на оваа предновогодишна прослава.

Share