Христоски: Од денес активно работиме на решавање на проблемот со водоснабдувањето

borino 5

Градоначалникот на Општина Крушево на социјалните мрежи најави дека почнувајќи од денеска заедно со в.д. директорот на јавното претпријатие „Комуна“ Наум Илиески активно ќе работат на решавање на проблемот со водоснабдувањето и барање на алтернативни извори на вода.

Општината особено во летниот период се соочува со недостаток од вода, но и, како што најави Градоначалникот на Крушево, ќе се бараат можности за намалување на огромната потрошувачка на струја при испумпување на вода од пумпната станица во село Норово.

Од утре и во наредниот период во соработка со В.Д.Директорот Наум Илиески и вработените на ЈП “Комуна” Крушево започнуваме со барање на алтернативни извори на вода за пиење за град Крушево, и барање можности за надминување на проблемот со недостаток на водоснабдување на градот во екот на туристичката сезона од изворот “Студенчица”, со тоа и намалување на огромниот трошок за струја кој се прави на пумпната станица во с.Норово.“, напиша Градоначалникот Христоски на социјалната мрежа „Фејсбујк“.