Хуманитарна детска модна ревија во спомен куќата на хуманиот Тоше

Со едночасовна програма денес се одржа хуманитарната детска модна ревија на која настапија ООУ „Никола Карев“ со интерпретирање на песни од Тоше Проески под менторство на наставникот Пеце Христоски и студиото за танц „Break the Floor“.

Професорката Ванѓа Кузманоска потенцира дека изработената облека која беше презентирана ќе се донира на децата без родители, додека директорката на Спомен куќата „Тодор Проески“ Елена Мирчевска се осрвна на хуманоста која беше една од поистакнатите карактеристики на Тоше.

На крајот на програмата беа презентирани изработките на сутдентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.