Хуманитарна детска модна ревија во Спомен куќата „Тодор Проески“

detska revija

Во недела, 17-ти декември, во 13 часот во Спомен куќата „Тодор Проески“ ќе се одржи хуманитарна детска модна ревија каде што ќе се прикажуваат изработките на студентите од Универзитетот Гоце Делчев, Штип, под менторство на доцент М-р Ванѓа Димитриева – Кузманоска.

Облеката ќе биде доделена на деца без родители од Општина Крушево, а на модната ревија ќе настапат учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево и студиото за танц „Break the Floor“ од Штип.